| четврток, 6 декември 2018 |

Миноски: Владините економски политики даваат резултати -­ невработеноста на најниско ниво

minovski

Секоја инвестиција е од значење за Република Македонија бидејќи значи зголемување на економската активност и поголем број работни места, ова го изјави министерот за финансии, Кирил Миноски, на денешната прес-­ конференција на која беше најавена изградба на тениски игралишта во општина Аеродром.

Тој додаде дека еден од клучните приоритети и на Министерството за финансии и на економските политики на Владата е поттикнување на вработеноста и на инвестициите.

– Очигледно е дека напорите во изминатиот временски период на Владата на Република Македонија и целокупниот економски тим даваат резултати, а тоа го покажуваат ниските стапки на невработеноста, односно историски најниската стапка на невработеност. Меѓутоа, она што радува е и највисоката стапка на вработеност што покажува дека сите напори за привлекување странски инвестиции и напорите да се стимулираат инвестициите на домашниот сектор вродуваат со плод, што во крајна линија значи пониска невработеност – изјави минситерот за финансии.

Државниот завод за статистика минатата недела објави дека стапката на невработеност во вториот квартал е намалена на 24 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top