| четврток, 6 декември 2018 |

Паљото го продава бетмобилот

Несудениот битолски градоначалник и најпознтиот македонски билдер, Зоран Лазаревски-Паљо, го продава својот автомобил. Овој бетмобил е уникат во Македонија, не затоа што е некоја посебна или јака марка, туку поради финесите со кои самиот Паљо го направи да личи на автомобилот на неговиот омилен суперхерој – Бетмен.

paljo 2

– Абтомобилот не е скап. Тоа е „ФИАТ“, ама е од истиот дизајнер што го направи „ферарито“, тоа е Пининг Фарина. Произведен е во 97 година. Ја купив од Бугарија. Потоа сам ја преуредив со темна фолија, спојлери, бандажи, појачан мотор. Инаку, ги сакам спортските автомовили бидејќи јас сум спортист. Сакам да е темпераментна, јака, брза, да можам да стигнувам секаде – изјави Зоран за време на неговата изборна кампања.

Сега бетмобилот на Паљото се продава за 3.500 евра, но, како што самиот потенцира, цената не е фиксна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top