| четврток, 6 декември 2018 |

Универзитетот од Токио: Месечината може да влијае на земјотресите

Земјотресите често се случуваат кога има полна или млада Месечина, оценија научниците во студијата објавена во новиот број на списанието „Нејчер џиосајенс“.

Јапонски научници го истражуваа влијанието на приливот на сеизмичките активности оценувајќи дека тоа би можело да помогне во процената на ризикот од земјотреси.

Во студијата се наведува дека не треба да се занемари влијанието на Месечината и на Сонцето, како ни Земјината гравитација во случај на потенцијални потреси.

– Ние утврдивме дека постои врска меѓу приливот и одливот за зачестеноста и интензитетот на земјотресите – изјави научникот Сатоши Иде од Универзитетот во Токио.

Иде рече дека некои најголеми земјотреси во последните 20 годни се случиле за време на прилив.

Научниците направиле листа од најсилните земјотреси кои се случиле за време на прилив и одлив вклучувајќи го земјотресот на индонезискиот остров Суматра на 26 декември 2004 година, во кој настрадаа 220.000 луѓе, како и оној во Чиле во 2010 година во кој загинаа повеќе од 520 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top