| четврток, 6 декември 2018 |

Затворен патот Ресен-Битола-Прилеп поради одрони на патот

Магистралниот пат А-3, Ресен – Битола – Прилеп, кај Битола е затворен за сообраќај поради одрони на патот. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, соопшти утрово АМСМ.

Обиколницата во Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот што се оштетени, каде што се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде што постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top