| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски – Жбогар: Продолжува соработката во насока на исполнување на стратешките цели за членство во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија Самуел Жбогар.

Соговорниците се осврнаа на европските интеграции на државата, чекорите и мерките кои се превземаат, а се во насока на напредок на процесите, како и актуелните политички случувања во државата.

Груевски ја афирмираше стратешката цел за влез во Европската унија, како значаен приоритет на државата, и важноста на соработката во насока на исполнување на зацртаните критериуми.

Toj посочи дека интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за наметната политичка криза. Додаде дека во тој процес важна е соработката и конструктивниот пристап на сите субјекти вклучени во изборите, овозможувајќи им на граѓаните исполнување на нивното демократско право на избор, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата му посака успех во исполнување на новата должност на шефот на Делегацијата Жбогар, изразувајќи надеж дека неговиот личен успех во исполнувањето на новите обврски ќе значи и преставува заеднички успех за Република Македонија на планот на интеграциските процеси.

Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на конструктивната и позитивна соработка и дијалог во насока на исполнување на стратешките цели за членство во ЕУ, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top