Научниците открија дека човекот може да разликува и шести вкус, кој е поврзан со храната што е богата со јаглени хидрати.
Истражувачите од Државниот Универзитет во Орегон велат дека на листата на петте основни вкусови (слатко, солено, кисело, горко и умами), би требало да се додаде и нов вкус, со што би се објаснило зошто луѓето ја толку многу ја сакаат храната што содржи скроб.
Азијатите вкусот го нарекле „сличен на ориз“, додека според белците, вкусот бил „сличен на леб“, или на „тестенини“.
Потоа, на волонтерите им била дадена специјална состојка што ги блокира рецепторите за слатко на јазикот и состојка што го блокира ензимот кој ги разложува долгите ланци од јагленохидратите. И после ова, волонтерите можеле да го опишат истиот вкус, по што истражувачите заклучиле дека луѓето се во состојба да ги детектираат јагленохидратите како посебен вкус.
Досега се сметаше дека луѓето не можат посебно да го детектираат вкусот на јагленохидратите. Бидејќи јаглехидратите се разложуваат на прости шеќери многу брзо, научниците сметаа дека јагленохидратите може да се детектираат само како сладок вкус.
Овие резултати сугерираат дека новооткриениот вкус веројатно е причината зошто луѓето сакаат да јадат храна богата со јагленихидрати – како ориз и леб, кои имаат долга историја како дел од човечката култура.
После ова, научниците се надеваат дека ќе откријат и посебни рецептори на јазикот преку кои се чувствува шестиот вкус.
Ова не е единствениот вкус што досега бил истражуван. Во 2015 година истражувачите од САД откриле докази дека можеби и маснотиите имаат посебен вкус и делуваат како засилувачи на другите вкусови, на сличен начин како што го прави тоа горчливиот вкус.
Други истражувачи ја разгледуваат можноста дека калциумот, крвта и амино киселините, исто така се посебни вкусови. Трудот е објавен во „Chemical Senses“.
Извор: енаука. мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.