| четврток, 6 декември 2018 |

Kои јаглехидрати не дебелеат?

Исхраната која содржи одреден вид јаглехидрати, односно резистентен скроб, е помалку позната тајна за слабеење без јо-јо ефекти.  Стотици студии докажале дека резистентниот отпорен скроб го сузбива гладот и апетитот, согорува повеќе калории не полни со енергија, го сузбива стресот и го намалува холестеролот.

Резистентен скроб се наоѓа во намирниците како што се: компир, ориз, леќа, мешунки, сладок компир или батат и сл.

Но, од друга страна, ни тука работите не се црно-бели, бидејќи секоја од тие намирници може да има поволен или пак неповолен ефект врз хормоналниот состав, а со тоа и врз слабеењето.
Со други зборови: да јадете компир и ориз и да слабеете – не е едноставно. Исхраната е биохемиска реалност и не одговара секогаш на поедноставното поопштување.

Ова се пет причини зошто треба да јадете намирници кои содржат резистентен скроб ако сакате да ослабете и да останете витки.

  1. Јаглехидратите ве одржуваат сити

Резистентните јаглехидрати подолго ве одржуваат сити бидејќи се дигестираат поспоро од другиот вид на храна, па создаваат чувство на ситост и во стомакот и во мозокот.
2. Јаглехидратите го контролираат шеќерот во крвта и дијабетесот

Правилната комбинација на јаглехидрати и други намирници е најдобар начин за контролирање на шеќерот во крвта и дијабетесот. Во една студија, испитаниците кои консумирале диета  богата со резистентен скроб го намалиле нивото на шеќер во крвта и инсулинот за 38 отсто. Јаглехидратите треба да се јадат во комбинација со влакна. Бидејќи поспоро се разградуваат, подолго го одржуваат чувството на ситост.

4. Јаглехидратите го топат масното ткиво на стомакот

Јаглехидратите ни помагаат побрзо да го изгубиме масното ткиво на стомакот, за разлика од другите видови храна, дури и ако консумирате ист број на калории. Редовната консумација на резистентен скроб исто така, го намалува трупањето на масни клетки и складирање на калории во облик на масно ткиво.

5. Јаглехидратите помагаат добро да се чувствуваме

Испитаниците од истражувањето кои ослабеле јадејќи јаглехидрати се чувствувале одлично, особено затоа што не морале да се одречат од цела група намирници за да изгубат вишок килограми, туку можеле да јадат балансирани оброци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top