Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ била снимена вчера на гласањето на предвремените парламатерни избори како користи мобилен телефон додека пред неа стојат гласачките ливчиња.
Хрватската H1 ТВ ја објави снимката на која се гледа како Китаровиќ го користи мобилниот телефон зад параваните. Телевизијата нaведува дека хрватската Државна изборна комисија (ДИП) вчера ги потсетила гласачите на гласачките места дека не смеат да користат мобилни телефони ниту пак да ги фотографираат гласачките ливчиња, а претседателката тоа предупредување, изгледа, не го видела или пак за неа тоа не важи.
„Претседателката смее она што на другите им е забрането?“, гласи коментарот покрај фотографијата од Колинда како со мобилнииот го фотографира своето гласачко ливче.
Еве што корисниците на Твитер од Хрватска имаа да кажат ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.