Вчерашните земјотреси на скопското подрачје не ја оштетија водоводната мрежа, информираат од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“.
– Вчерашните земјотреси не предизвикаа дефекти врз водоводната мрежа. Денеска се продолжува со редовните активности за санација, кои ги извршуваме тековно – вели портпаролот на ЈП „Водовод и канализација“, Благоја Филиповски.
Оттаму велат дека водата во село Студеничани, за која имаше објавено видео и фотографии на социјалните мрежи дека им е црвено-кафена, е добра за пиење, само треба да се истече околу три минути.
– Водоводната мрежа може да биде оштетена при земјотрес од 7,5 степени според Рихтеровата скалата – посочи Филиповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.