| четврток, 6 декември 2018 |

Нема кој да ги вози: На Германците им недостигаат возачи

vozac_1000x0

Најдефицитарниот кадар во Германија се возачите на речиси сите копнени превозни средства, известува „Дојче веле“ наведувајќи дека ситуацијата е особено критична во јавниот превоз во градовите.

Дел од здруженијата на работиници веќе предупредиле дека доколку нешто наскоро не се преземе, во Германија ќе настана проблеем до пренесување на патници и роба од точка А до точка Б.

Здружението на германски превозици (ВДВ) укажало на разликата помеѓу густата мрежа на градскиот превоз и се поголемиот број на возачи кои си одат во пензија или се пред пензионирање.

Ситуацијата е особено критична со машиновазачите.

– Никој веќе не сака да ги вози локомотивите, се пожалиле од синдикатот на машиновазачите.

Во моментов во Германија недостасуваат околу 800 машиновозачи, а никој не пројавува интерес за оваа работа во која има и трети смени и доста часови минати сам на работното место.

vozac-avtobus

Во граовите како Берлин очајнички се бараат возачи за во јавниот превоз. Просечната старост на берлинскиот возачи на подземните и надземните железници е 50 години.

Откако Германија пред неколку години од укина монополот на железниците во меѓуградскиот сообраќај, се појави дефицит и на возачи на автобуси на подолги релации.

И германското здружение на автобуски превозници потврдува за недостигот кој го проценува на околу 2 000 возачи. Во следните години, како што проценуваат тие, оваа бројка би можела да порасне на 10 000.

Заради оваа ситуација на пазарот на трудот во Германија, започнале и кампањите „Придвижи нешто – биди возач на автобус“.

Слична е ситуацијата и за оние кои транспортираат роба. Во моментов за овие работни позиции се обучуваат 7 000 млади лица, но тој процес оди пребавно за тие да го надополнат недостигот на пазарот на труд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top