Поради оштетувања за звучната изолација во скопското кино „Милениум“ од земјотресот кој се случи попладнево, откажана е вечерашната премиера на филмот „Ослободувањето на Скопје“ на Раде Шербеџија. Киното нема да работи се додека не се санираат штетите, потврдија за „Република“ од „Милениум“
Од земјотресот е оштетен плафонот на киното, паднати се лесонитни делови, па поради безбедносни причини одложена е премиерата на филмот ни соопштија од „Милениум“.
Веста ја потврди и Роберт Насков продуцент на „Ослободување на Скопје“.
Со „Ослободувањето на Скопје“ вчера во Битола беше отворен фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, а скопската кинопремиера беше закажана за вечерва во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.