| четврток, 6 декември 2018 |

При напуштање на домовите во текот на земјотресот: Педесетина граѓани се повредиле

Педесетина граѓани на Скопје се повредени после земјотресите во паника за да ги напуштат домовите шо побрзо.

Според информациите на zdravstvo24.mk најмногу, над 30 пациенти се со скршеници на рацете и нозете, и расекотини и тие попладнево се примени  во Клиниката за хируршки болести Св.Наум Охридски.

На десетина им е пружена помош во ГОБ „8 септември“. Како што раскажале дека од пациентите, се повредиле додека се обидувале да избегаат од домовите за време на силниот земјотрес. Некои паднале по скали, други пак скокале од терасите од пониските катови. Брзата помош само за 2 часа интервенирала кај 6 повредени. Тие биле префрлени  во скопските болници.  Во Ургентниот центар при клиничкиот центар примени се двајца работници кои за време на земјотресот околу 15.10 минути работеле во магацин. Едниот имал потрес, а другиот се здобил со расекотини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top