| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Комисијата за односи со верските заедници по повод Курбан Бајрам

damija

­ Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи. ­

– Празнувајќи го Курбан Бајрам со доблест и гостопримство кон своите блиски роднини, соседи, пријатели и сограѓани, во кругот на семејството, а во духот на спокојството и меѓусебната солидарност, претставува најскапоцен дар и почит на основните темели на мирот и заедништвото. Ви посакувам празникот Курбан Бајрам да го поминете во хармонична и весела атмосфера. Принесувањето на жртва­курбан и дарувањето да Ви ги отворат срцата кон Бога и да Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски, вели во честитката директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top