Најмалку десет лица загинаа во земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтер што денеска ја потресе Танзанија и соседните земји, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Во потресот се повредени над 100 лица во областа Кагера на западниот брег на езерото Викторија.
Епицентарот на потресот, регистриран во 12:27 по Гринич, се наоѓал на 23 километри источно од градот Нсунга, во северозападниот дел на Танзанија, во близина на езерото Викторија, соопшти американскиот геолошки институт.
Потресот е почувствуван и во Руанда, Бурунди, Уганда и Кенија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.