| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Ниедна земја не би требало да попречува друга на европскиот пат

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денес во Белград ги поддржа настојувањата на Србија да стане членка на Европската Унија и порача дека ниедна земја не би требало да попречува друга во нејзиното придружување на Унијата.

-Да потсетам дека хрватскиот парламент со големо мнозинство гласаше да се поддржи Србија на патот кон ЕУ. Тоа беше направено неодамна, во претходната влада. Од добри причини и уверувањата очекувам тоа гласање сѐ уште да важи- изјави Хан по средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Секоја земја е подобро заштитена и има подобра перспектива ако е во ЕУ, порача еврокомесарот во Белград.

-Потребно е време, но ние сме решителни на патот кон конечната цел – влегувањето на Србија во Европската Унија. Имаше некакви сомнежи по бергзитот околу расположението, но сите европски лидери изразија силна определеност околу проширувањето на западен Балкан и Србија е на врвот на таа листа. Бидете уверени во решителноста на ЕУ и нашата поддршка да се придружите на европското семејство- кажа Хан.

Околу ситуацијата на Косово и сѐ почестите инциденти на кои се изложени Србите, Хан кажа дека во Брисел се „сосема свесни за сите проблеми“ и дека верува дека „мултилатералната екипа ќе помогне во премостувањето на билатералните проблеми“ на Белград и Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top