| четврток, 6 декември 2018 |

Костадиновски: Македонскиот тутун е ценет на светскиот пазар

-Ние и понатаму посветено и фокусирано ќе ја следиме состојбата со производството на тутун- рече во Отвореното студио на Телевизија Нова Ванчо Костадиновски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Во изминатиот период пројавија интерес голем број на трговци со тутун, преработувачи на квалитетен тутун со потекло од Македонија да влезат во Р. Македонија, да инвестираат и да откупуваат поголеми количини на тутун, што значи дека македонскиот тутун е доста ценет на светскиот пазар и ние сме тука како Влада и министерство да им овозможиме подобри услови со коишто ќе поттикнат нови инвестиции во овој сектор- изјави Костадиновски.

Тутунопроизводството е индустрија под отворено небо и не може точно да се планира зацртаното за откуп на тутунот, вели Данчо Милевски, претседател на Сојузот на тутунопроизводители.

-Оваа година нѐ пратеа доста неповолни климатски прилики при производството на расад, при расадувањето, во текот на вегетацијата доста големи суши, после зафатија некои невремиња, град оштети доста тутун. Имаме добар, квалитетен тутун оваа година, исто како и лани, со тоа што специфичната тежина оваа година сметаме дека ќе биде поголема- изјави Милевски.

-Очекуваме пак околу 19 илјади тони тутун како ланската година, но со повисок квалитет- вели Милевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top