| четврток, 6 декември 2018 |

Нема избори во Австрија- лепакот не ги лепи ливчињата

Се чини дека повторените претседателски избори во Австрија ќе бидат одложени, овојпат поради технички причини, односно слабото лепило со кои се затвораат гласачите ливчиња, пишуваат во саботата медиумите.

Двајцата кандидати Александер Вен дер Белен од Зелените и Норберт Хофер фаворит од десницата, изјавија дека не очекуваат оти изборите ќе се одржат на 2-ри октомври, како што е планирано. Министерот за внатрешни работи, Волфганг Соботка, чиј ресор е задолжен за спроведување на изборите, за тоа повеќе информации ќе даде во понеделник.

Поранешниот челник на австриските Зелени кој имаше големо заостанување по првиот изборен круг, Александер Ван дер Белен, на вториот круг на 24-ти мај тесно го победи Норберт Хофер од Слободарска партија FPО, кој за малку пропушти да стане првиот претседател од крајната десница во Европа.

Со 50,3 отсто од гласовите, откако во првиот круг освои 21,3 проценти, по пребројувањето на гласовите пристигнати по пошта, Ван дер Белен за 0,6 отсто, или 31.026 гласови, го победи Хофер кој освои 49,7 отсто, а во првиот круг имаше убедливо водство од 35,1 отсто од гласовите.

По вложените жалби и испитување на сведоците, австрискиот Уставен суд нареди изборите да се повторат поради неправилности при броењето на гласовите. Поранешниот челник на австриските Зелени кој имаше големо заостанување по првиот изборен круг, Александер Ван дер Белен, на вториот круг на 24-ти мај тесно го победи Норберт Хофер од Слободарска партија FPО, кој за малку пропушти да стане првиот претседател од крајната десница во Европа.

Со 50,3 отсто од гласовите, откако во првиот круг освои 21,3 проценти, по пребројувањето на гласовите пристигнати по пошта, Ван дер Белен за 0,6 отсто, или 31.026 гласови, го победи Хофер кој освои 49,7 отсто, а во првиот круг имаше убедливо водство од 35,1 отсто од гласовите.

По вложените жалби и испитување на сведоците, австрискиот Уставен суд нареди изборите да се повторат поради неправилности при броењето на гласовите.

Ван дер Белен на прес-конференцијата во саботата изјави дека е подготвен на одложување на изборите. „Се надевам дека сепак ќе се одржат уште оваа година“, порача.

Многу гласачи кои ќе гласаат по пошта се жалеле последните денови дека лепилото е преслабо, па ливчето не може добро да се затвори, пишува весникот Die Presse.

Соботка изјави дека е малку веројатно дела оти проблемот може да биде решен до 2-ри октомври и дека за поединостите ќе зборува во понеделник, поттикнувајќи ги нагаѓањата дека изборите ќе бидат одложени. Повикувајќи се на владини функционери, Die Presse објави дека се разгледуваат неколку датуми, од ноември до јануари следната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top