| четврток, 6 декември 2018 |

Путин во Москва отвори метро вредно 2 милијарди долари

Рускиот претседател Владимир Путин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин отворија дел од новиот централен железнички прстен, проект вреден два милијарди долари.Иако не е целосно завршен, 54 километарскиот централен прстен што го поврзува центарот со предградието на Москва денеска беше пуштен во сообраќај.

Завршувањето на проектот започнат 2015 година, доаѓа во време кога Русија се бори со дупки во буџетот поради падот на извозот на нафта и санкциите поради ситуацијата во Украина.

Според аналитичарите отворањето на дел од метрото доаѓа во пресрет на изборите за долниот дом на рускиот парламент, закажани за 18 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top