| четврток, 6 декември 2018 |

Басистот на „ЈУ група“ го удри струја на сред концерт

Басистот на легендарната српска „ЈУ група“, Жика Јелиќ вчера го удри струја за време на концертот кој старите рокери го одржуваа во градот Фоча во Босна и Херцеговина.

Јелиќ неколку секунди бил во несвест, но благодарение на брзата интервенција на дежурниот лекар, избегнал било какви тешки последици.

Веднаш после инцидентот басистот е префрлен во болница, каде што се стабилизирала неговата состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top