| четврток, 6 декември 2018 |

Обама се закани со нови санкции против Северна Кореја

Претседателот на САД Барак Обама денеска изјави дека ќе поддржи нови меѓународни санкции во однос на Северна Кореја поради нејзиниот нов нуклеарен тест. Тој ја осуди „смртната опасност за националната безбедност и за меѓународните мир и стабилност“, пренесе AFP.

Обама разговарал со својот јужнокорејски колега Пак Геун-хе и со јапонскиот премиер Шинзо Абе по веста дека Северна Кореја извршила петта нуклеарна проба.

„Ние се договоривме да работиме со Советот за безбедност на ОН и со меѓународната заедница, за да ги примениме постоечките мерки наметнати од претходните резолуции и да преземеме дополнителни чекори, вклучувајќи и нови санкции“, изјави Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top