За да биде убава, негувана и затегната кожата не треба да се третира само однадвор со креми, туку и однатре. Британските научници направиле чоколадо против стареење, кое дури може да ги испегла брчките.
Ова чоколадо ја подобрува циркулацијата и така го забавува создавањето на брчки. Истражувањата покажуваат дека секодневен внес на 10 грама од ова чоколадо јаменува структрата на слоевите на кожата така што се постигнува ефект на подмладување за 10 години.
Чоколадото се вика естечок, а е прозиведено во Универзитетот Кембриџ. Една коцка од околу 7,5 грама содржи толку антиоксиданси колку и филе од лосос од Алјаска. Содржи исто толку полифеноли кои помагаат во борбата со слободните радикали колку и 100 грама црно чоколадо.
Испитувањата траеле четири недели, а учесниците секој ден морале да изедат по една коцка естечок. Докажано е дека чоколадото кое содржи повеќе какао им ја подобрилоциркулацијата и делувало превентивно на процесот на создавање брчки.
Сепак, некои лекари се скептични.
-Сигурно чоколадото содржи некои супстанции кои можат успешно да помогнат во борбата со болести и стареење, но не смееме да забравиме дека консумирање на големо количество чоколадо може да додеве до зголеме број внесени калои, а со самото тоа до дебелеење.
Една коцка од ова чоколадо содржи само38 калории, па можат да го јадат и дијабетичари. Се предава во луксузно пакување, секоја коцка е посебно скапкувана, а во кутијата им количина за три недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.