Трите осомничени “радикализирани” и “фанатични” млади жени уапсени во четвртокот во текот на ноќта “најверојатно подготвувале насилни акции“ рече министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казнев.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, главно осомничената, на возраст од 19 години, се заколнала на верност на џихадистичката група Исламска држава Таа беше уапсена во четвртокот ноќта во Буси-Сен Антоан, во рамките на истрагата по откривањето на автомобил наполнет со плински боци, овој викенд во срцето на Париз. Таа е една од ќерките на сопственикот на возилото.
Нејзиното апсење и тоа на двете постари наводни соучесници на возраст од 23 и 39 години, во четврток вечер на улицта во Есон беше многу бурно. До почетокот на вечерта, набљудувани од страна на полицијата тајната служба, триото излезгло од зградата во која живее една од нив. При лишувањето од слобода “, една млада жена извади нож и го удри полицаец во стомакот. Тоа се случи многу брзо. ”
Станува збор за младата жена на возраст од 19 години. Таа погодила полицаец во рамото по што била ранета во нозете од полициски куршум како одговор на нападот од припадниците на Дирекцијата за внатрешна безбедност
Главноосомничената оставила во станот во Буси—Сен-Антуан проштално писмо за мајка и, вели радиото РТЛ. Таа, исто така нослеа со неа друго писмо во кое таа и изразила верност верност кон Исламската држава. За време на нивното сослушување, три жени изјавиле дека сакаат да ја одмазди смртта на портпаролот и број два во Исмалската држава, Абу Мохамед ал-Aднани, со прекар “Министер за атентати” убиен во провинцијата Алепо во Сирија. Објавувањето на неговата смрт беше направена на крајот од август од страна на џихадистичките групи.
Според радиото, некои од осмоничените ја познавале Бухамедин Хајат, сопругата на Амеди Кулибали, убиецот при терористичкиот напад во супермеракетот во Париз во јануари 2015. И Теле исто така, тврди дека еден од нив бил во контакт со Лароси Абала, терористот кој во име на исламската држава уби двајца полицајци во Магнавил на почетокот на јуни.
Исто така, според РТЛ, автомобил пронајден во Париз наполнет со плински боци минатиот викенд беше нивниот прв план за напад. “Тие сакаа да го запалат на оган, а потоа се скарале пред да избегаат.” тогаш тие подготвиле други напади, насочени кон железничка станица Лион во Париз. А се споменува и станицата во Есон.
Предупредување за опасноста од напад во париските станици и во Есон беше испратено во текот на денот четврток од полицијата, изјави извор од полицијата, која верува дека мрежата, активирана од странство, подготвувала напад истиот ден.
По откривањето на напуштениот автомобил во неделата наутро на неколку стотици метри од Нотр-Дам во Париз, (Богородичната црква) започна трка со времето на безбедносните сили.
Сопственикот на автомобилот беше ослободен во вторникот вечерта, по неговото апсење, но полицијата ги бараше двете негови ќерки. Четири лица се уапсени, и тие се ‘уште се во притвор. “Станува збор за двајца браќа и нивните придружнички”, исто така, изјави извор близок до истрагата, без да прецизира која е нивната улога во случајот.
По серијата терористички напади, полицијата сега стравува од “нова форма на напад” со “детонирање експлозивни направи” во места на кои се собира голема толпа народ, призна шефот на надворешната безбедност Патрик Калвара на 10 мај пред Комисијата за национална одбрана и вооружените сили на националното собрание на Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.