Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Магистралниот пат А-3, Ресен – Битола – Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, од завчера вечер е затворен за сообраќај. Како што информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.
Обиколницата кај Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот што се оштетени, каде што се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде што постои можност за појава на одрони, кои на некои места може да го спречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.