По повод 8 септември Денот на независноста, Ана и Игор Дурловски одржаа концерт во Центарот за култура во Битола. Тие настапија заедно со оркестарот на МОБ, а беа изведени традиционални македонски љубовни песни со нови аранжмани на композиторот Сони Петровски.
Во прекрасна атмосфера, и преполна сала, настапот на истакнатите македонски уметници беше проследен со долготрајни аплаузи и два пати излегоа на бис.
Концертот „Песни од срцата“ на Дурловски ја исполни салата на Центарот за култура до последно место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.