| четврток, 6 декември 2018 |

Верхофстат ќе го претставува ЕП во преговорите за „Брегзит“

giu

Претсетаделот на Сојузот на либерали и деморкати за Европа во Европскиот парламент, Ги Верхофстат е именуван денеска за главен преговарач на ЕП за излегувањето на Британија од Европската унија.

Верхофстат, кој е поранешен белгиски прмеиер, наведе на Твитер дека му е „чест“ што е именуван да води преговори за Брегзит во име на ЕП кои ќе имаат централна улога кога е во прашње Член 50 од Лисабонскиот договор.

Верхофстат вршеше притисок врз Лондон веднаш да го активира механизмот за напшуштање на ЕУ, односно Членот 50 од Лисабонскиот договор. Тој е трет во тимот на ЕУ за напуштањето на Британија, откако за преговарач на ЕК е избран Мишел Барние и претставникот на ЕС, Белгијанецот Дидие Сеус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top