| четврток, 6 декември 2018 |

Дербито во Манчестер ќе го донесе најскапиот меч во историјата (Фото)

man-derbi

Манчестерско дерби меѓу Јунајтед и Сити ќе биде спортски настан број еден овој викенд, не само поради долгогодишната традиција и нетрпеливоста, туку и поради големото ривалство меѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола кои ова лето го избраа овој град како место за продолжување на нивните тренерски кариери.

“Дејли мејл“ се обиде да ги предвиди стартните постави на Мурињо и Гвардиола за саботната мега-пресметка, а бидејќи на истата се очекува да настапат најскапите засилувања Пол Погба, Џон Стоунс, Ерик Бејли, па и Нолито, според вкупната сума на трансферите, овој меч ќе тежи неверојатни 620 милиони фунти.

junajted-cena

siti-cena

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top