Томислав Светина, генералниот директор на актуелниот шампион на Хрватска, тимот на Динамо (З), откри дека во октомври ќе биде позната судбината на македонскиот интернационалец, Аријан Адеми.
Поминаа 11 месеци откако македонскиот репрезентативец дозна шокантната вест за позитивен допинг тест по дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите.
Добивме најава дека на почетокот од октомври конечно случајот ќе се најде пред Спортскиот суд во Лозана. Тоа е последната инстанца пред која верувам ќе ја докажеме невиноста, генералниот директор на Динамо (З), Томислав Светина.
Познато е дека количеството на станозолол во крвта била минимална, според доказите, доволна за позитивен тест, но недоволна да било како користи на перформансите на Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.