| четврток, 6 декември 2018 |

Попрво ќе лежам во затвор отколку до неа: Ограбил банка за да се спаси од жена си

jonnnnn-630x422

Седумдесетгодишен старец од Канзас е обвинето за грабеж на банка. Тој пред истражителите изјавил дека попрво би заминал во затвор отколку да остане со својата жена.

Џон Рипли е обвинет дека на благајничката во банката ѝ предал порака во која барал пари, заканувајќи се дека носи пиштол, се наведува во судските документи.

Тој ги изнел парите надвор, и седнал во предворјето на банката и му рекол на чуварот дека „тој е човекот кој го бара“, а потоа полицијата набрзо го уапсила.

Неименуван извор од ФБИ изјави дека Рипли претходно имал расправија со сопругата и дека пораката ја напишал пред неа, наведувајќи дека попрво би заминал во затвор отколку да остане дома.

Против него е покренато обвинение за грабеж на банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top