| четврток, 6 декември 2018 |

Поради измама со грчки државни обврзници, Словачка банка ќе ја тужи Грција

grcki evra
Заради минатогодишната измама со грчки обврзници, словачката „Поштенска банка“ ќе ја тужи Грција, објавува електронското издание на грчкиот весник „Етнос“.
„Поштенската банка“ и нејзиниот акционер „Истрокапитал СЕ“ ќе ја тужат Грција бидејќи со отпишувањето на својот долг земјата ги прекршила договорите, поради што е забележан пад на инвестициите на банката.
Со отпишувањето на државниот долг Грција ги прекршила билатералните договори за инвестиции со Словачка, како и со Кипар, стои во соопштението на словачката „Поштенска банка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top