Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ-индексот ќе изнесува 4.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 17 до 25 степени.
Во скопското подрачје ќе има врнежи од дожд со променлив интензитет, ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Температурата ќе се движи од 15 до 23.
Во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд особено во јужните делови на земјава, но количините на наврнат воден талог ќе бидат во постепено опаѓање.
В недела и в понеделник ќе има намалување на облачноста, но се уште е можа локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а температурата на воздухот ќе биде во пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.