Компанијата „Епл“ денеска во Сан Франциско ќе го претстави новиот модел на паметниот телефон „Ајфон“. Многу обожаватели на апаратите на „Епл“ се обидоа да дојдат до информација какви новини нуди „Ајфон“.
Се очекува дека новиот модел ќе има само еден отвор со тоа што корисниците би морале да користат блутут слушалки, Сепак се претпоставува дека со апаратот доаѓа и адаптер.
Најновиот модел би требало да биде отпорен на вода. Конференцијата ќе биде одржана во Сан Франциско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.