| четврток, 6 декември 2018 |

Турските власти ослободија над 35.000 затвореници за да ослободат места во пренатрупаните затвори

 

zatvor

Турските власти пуштиле на слобода над 35.000 затвореници цо цел да ослободат места во пренатрупаните затвори, пренесе ДПА. Ослободени се околу 7.450 осудени криминалци и 28.522 лица на кои им се суди, а кои ја чекале одлуката на судот.

Турските затвори се пренатрупани поради апсењата на илјадници граѓани по обидот за воен преврат, што беше извршен на 15 јули. Врз основа на надлежностите добиени по воведувањето на вонредната состојба во земјата, Владата донесе указ што предвидува предвремено ослободување на околу 38.000 затвореници, кои сега се под специјален надзор.

Министерот за правда Бекир Боздаг прецизира дека на долгоречен план реформата ќе зафати вкупно околу 93.000 затвореници. Тој истакна дека мерката не претставува амнестија и се оденесува само на лицата осудени за кривични дела извршени пред 1 јули 2016 година Таа нема да ги зафати осудените за тероризам, убиство со умисла, домашно насилство, сексуални кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top