Киднаперот од Кливленд, како што го нарекоа странските медиуми Ариел Кастро, денеска со наведната глава за првпат се појави пред судот.
Кастро, кој е обвинет за киднапирање и за силување на три жени кои ги држел во заложништво во неговата куќа во Охајо повеќе од 10 години, пред судот се изјасни дека не е виновен.
Судот во Кливленд постави кауција од 2 милиона долари за 52-годишниот невработен возач на автобус.
Трите жени беа пронајдени во понеделникот откако една од нив ја исконтактирала полицијата. Тие исчезнале во периодот од 2002 до 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.