| четврток, 6 декември 2018 |

Ревија на народни носии од Скопско

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска ја отвори манифестацијата „Ревија на народни носии од Скопскиот регион”, што се одржа на Факултетот за ликовна уметност во Сули ан, а ја организира Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Здружението на уметници ракотворци АРТИ КРАФТ Скопје.

narodni nosii

-Посебно чест и задоволство ми е да ја отворам оваа ревија на народни носии од Скопскиот регион, која за прв пат оваа година се одржува во нашиот град. Секторот за локален економски развој ја организира оваа манифестација во соработка со Здружение на уметници ракотворци АРТИ КРАФТ Скопје, проект кој произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството, трговијата и туризмот на Град Скопје за 2016 година. Токму вие ракотворците чуварите на традицијата, сте сведоци кои преку своите дела преку своите вешти раце го раскажувате минатото, историјата и сте најдобриот запис за постоење на цивилизација на овие простори. Делата на ракотворците говорат за уметноста, способноста, за уметничката дарба, за креативноста, за духот на нашиот народ, говорат за нашето постоење, култура и традиција. Нивните дела се записи, сведоци на минатото на нашиот народ, и нивното дрво, глина, конец, кожа, игла, бакар, раскажуваат за богатата култура на сите народи од овој простор кои опстојувале со векови. Посебно ме радува што оваа манифестација, поткрепена со изложбата, се одржува во периодот на јубилејот 25 години, независност во слободна Република Македонија – истакна градоначалникот Трајановски.

narodni nosii1

Град Скопје го продолжува трендот на развој на старите занаети и поттикнување на развојот на домашното ракотворење преку презентација на нашето богатство, културно наследство и традиција на автентични носии пред граѓаните на град Скопје и туристите, бидејќи токму ракотворците говорат преку своите дела како се чува, како се негува, како се раскажува минатото кое е корен на секој народ.

-Основните цели на оваа манифестација се: откривање, чување, заштита и презентирање на богатото народно творештво, изразено преку народни носии и везот, негувано низ вековите и во различни општествено-економски и политички услови во кои живеел и творел македонскиот народ, а со него заедно и народностите, изразувајќи ја својата самобитност и творечка уметност што го определува националното значење и карактер на самата манифестација, посочи во своето обраќање градоначалникот Трајановски.

narodni nosii2

Овој настан се организира со цел, исто така,  да се популаризираат народните носии од Скопскиот регион, кои изобилуваат со оригиналност и реткост, да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и поттикне размената на искуства и знаење на ракотворците. Воедно, целта на одржување на настанот е и зголемување на продажбата на занаетчиските производи и зголемување на туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на град Скопје.

narodni nosii3

Во рамките на манифестацијата денеска се одржува изложба на народни носии и сувенири во дворот на ФЛУ, како и концерт на учесници на КУД во Домот на АРМ, а во текот на вчерашниот ден /6 септември/ во Музејот на Македонија се одржа трибина на тема: Народната носија од Скопскиот регион на која свои излагања имаа м-р Достана Караѓозоска Станковска, Горданче Видиниќ –етнолог-кустос-советник и Нада Андоновска од Музеј на Македонија.

narodni nosii4

Здружението на уметници ракотворци АРТИ КРАФТ Скопје на Градоначалникот Коце Трајановски му додели благодарница за поддршката којашто ја дава за зачувување на старите занаети и народното творештво, а благодарници добија и Слободан Ќосев и Билјана Стојмановска од Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top