| четврток, 6 декември 2018 |

За злоупотреба на службата – кривична пријава за Циц

СВР Куманово поднесе кривична пријава за З.Д. (60) – градоначалник на општина Куманово, Л.Л.С. (52) – раководител на Секторот за урбанизам во општина Куманово и В.Л. (62) – раководител на Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Првопријавениот во ноември 2008 година ги пречекорил своите овластувања спротивно на Законот за градење и Законот за јавни патишта при што одобрил и ја пуштил во употреба реконструираната крстосница во Куманово меѓу бул. „Трета македонска ударна бригада“, бул.„Октомвриска револиција“ и ул.„Бранко Богдански – Гуцман“, иако знаел и бил должен да знае дека за истото дејствие потребна е употребна дозвола.

Второпријавената, со неизвршување на својата должност побарала одобрение за техничка документација во врска со сообраќајните знаци и сообраќајната сигнализација од МВР на РМ.

Додека, третопријавената со неизвршување на својата службена должност не побарала вработување за општинскиот инспектор за јавни патишта, ниту пак работните задачи за наведеното работно место ги доделила на некој друг од нејзиниот сектор.

Поради наведеното од периодот на неофицијалното пуштање во употреба на крстосницата до денес се имаат случено 31 сообраќајна незгода во кои три лица го загубиле животот, шест лица се здобиле со тешки телесни повреди, 26 се здобиле со телесни повреди, а вкупната причената материјална штета изнесува 1.455.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top