| четврток, 6 декември 2018 |

Горд сум што ќе станам татко

Maкедонскиот пејач Димитар Андоновски денеска полни 30 години. Во последниот период Андоновски е во родната Битола, каде се посвети на најблиските и пријателите, но и на сопругата Христина со која го очекуваат своето прво дете. Не ја пропушта можноста и да го посети манастирот „Свети Јован Бигорски“ каде што го наоѓа својот духовен мир.

– Прв пат по долго време ова лето го поминувам без големи професионални обврски. Едноставно, сум со моите најблиски, затоа што годинава изработив доста проекти, особено во театар, правејќи музика за претстави. Сметав дека ми е потребна мала пауза за да соберам енергија и нови идеи за претстојниот период. Во пејачката кариера оваа година и не бев баш активен, па затоа летниов период го искористив за работа и снимање нов материјал, кој ќе биде промовиран наскоро – вели Андоновски за сајтот „Бигорски“.

Андоновски најавува поголема активност и на поп-сцената. Го подготвува материјалот за новиот албум, кој наскоро ќе го претстави пред публиката

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top