| четврток, 6 декември 2018 |

Анализа на „Ројтерс“: Бугарија и Романија сè уште бараат прием во ЕУ

bugarija romanija

Членството на Бугарија и на Романија во Европската унија не значеше и билет во една насока за нивната демократска стабилност, економски пораст и поголеми можности за сите, се вели во анализата на „Ројтерс“.

Бугарите и Романците би требало да бидат повеќе разочарани од нивните сопствени лидери и политичари отколку од институциите на Европската унија.
Аманда Пол, експерт за источна Европа.

„На Европската унија се гледаше како на некакво златно виножито на хоризонтот“, вели за „Ројтерс“, Аманда Пол, експерт за источна Европа во врска со тоа како Романците и Бугарите си ја претставуваа Унијата пред да станат нејзини членки.

Сепак, според неа, тие добија со влезот во Унијата, но сè уште се соочуваат со демократски дефицит.

„Бугарите и Романците би требало да бидат повеќе разочарани од нивните сопствени лидери и политичари отколку од институциите на Европската унија“, додава таа.

Но што да се прави. Историјата не може да се врати назад. Бугарија и Романија се членки на Европската унија. Другите земји треба да ја прифатат таа реалност и да работат таа да функционира, без оглед на тешките предизвици.
Неименуван дипломат од ЕУ.

Без оглед дали живеат во нивните домови во југоисточната европска периферија или работат во Брисел, Романците и Бугарите имаат големо чувство на изолираност.

И покрај тоа што нивните примања, од влезот во Унијата се зголемија за 30 насто, а можностите да работат во Европа им пораснаа тие сè уште чувствуваат дека не се целосно интегрирани во Унијата.

И двете земји остануваат надвор од Шенген зоната, а плановите за прифаќање на еврото се одложени за некое друго време.

„Ние сме граѓани од втор ред и сме исклучени од големите одлуки што се носат во Брисел“, вели Јон Мициу, инженер од Букурешт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top