| четврток, 6 декември 2018 |

Рокот за пријавување на штетите од поплавите истекува денеска

 

????????????????????????????????????

Денеска истекува крајниот рок што го определи Владата за пријавување на настанатите штети на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица.

Сите лица од овие населени места кои се уште ги немаат пријавено штетите од поплавите, денеска заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот, тоа може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или, пак, во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово.

На барање на оштетените граѓани, Владата веќе еднаш го пролонгираше крајниот рок за пријавување на штетите од поплавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top