| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанските медиуми ги објавија имињата на патниците во урнатиот авион кај Кожле

avionska tv nova

Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека со приватниот авион, што се урна вчера попладне кај велешко Кожле, управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“. Со него биле и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин,  како и Лука Дале Муле, Ангело Калегари и Иларија Бертио и Висар Бегај од Косово, кои имале и италијанско државјанство.

Како што пишува весникот, настраданите живееле во Треивизо, Падова и Удине. Групата планирала да патува Приштина поради бизнис, како и за активности поврзани со аероклубот „Тревизо“. Тие во Приштина требало да присуствуваат и на инаугурација на тамошен аероклуб.

Урнатиот авионот бил со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.

Исчезнувањето на авионот од радарот вчера попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.

За настанот е информиран Јавен обвинител и Комитетот за истражување авионски несреќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top