Српската тенисерка Ана Ивановиќ, која денеска на социјалните медиуми со свое соопштение, ги извести сите нејзини фанови и светската јавност, дека поради свои лични причини се повлекува до крајот на оваа година, одредени медиуми кај нашиот северен сосед, носат информација дека Ивановиќ е во бремена состојба.
Моментално 31. тенисерка на ВТА ранкингот, изненади многумина со денешната објава дека се повлекува до крајот на годината, а во соопштението пишува дека таа ќе се врати посилна во 2017 година.
Убавата тенисерка од соседството пред неколку недели зачекори во брачна заедница со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бастијан Швајншајтер, а сега според информациите од српските портали, Ана можеби ќе добие и принова.
Ивановиќ сезонава имаше проблеми со повредите, по што се повлекуваше од турнирот УС ОПЕН, но најави дека следната сезона ќе се врати далеку посилна. Но во деновите кои се пред нас, ќе добиеме конкретен одговор дали ова нагаѓање за состојбата на Ивановиќ е точно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


