
Пратеникот од Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимоски, е избран за генерален секретар на Европската ромска интерпарламентарна организација, која пред два дена се формираше во Белград.
Оваа организација ќе ја претставува ромската заедница и ќе го штити нејзиниот интерес, а ќе помага и при решавањето на проблемите во соработка со националните влади и парламенти.
На конститутивната седница присуствуваа и српскиот претседател Томислав Николиќ, претседателот на Собранието на Србија, Небојша Стефановиќ, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија, Мексико, Македонија, амбасадорот на ОБСЕ и претставникот на ЕУ и НАТО во Србија.
Меѓу земјите на Европската ромска интерпарламентарна организација се Македонија, Хрватска, Србија, Унгарија, Словачка, Босна и Херцеговина и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со едното око е во Мадрид: Пратеникот Самка Ибраимоски гледа Реал – Јувентус во Собрание (фото)
-
Се пишмани? Откако даде оставка од министер, Самка Ибраимовски запеа „Ја немам више разлога да живим“ (видео)
-
Изгорел под хипотека: Извршител го продава станот на Самка Ибраимоски во Тетово
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев се плашат од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа се трудат со лаги да ја манипулираат јавноста


