| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот со шестмина патници се урнал кај Катланово?

Неофицијално се известува дека авионот кој исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром се урнал во атарот на велешкото село Ветерско, на околу 5 км од Катланово. Екипите за брза помош веќе се на теренот.

Според друг извор во авионот имало шест патници и членови на екипажот,

Авион на приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром. МВР ја потврди информацијата дека авион со германски ознаки на приватен комерцијален лет најавил дека ќе полни гориво во 17:40 часот, за потоа леталото да исчезне од радарот. Полицијата го истражува теренот во потрага по авионот

Според Курир, се работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво. Во 17:44 часот дежурниот од ДОЦ на РЦ – Север пријавил дека од Контрола на летање примиле повик, дека комерцијален авион со три патници им се изгубил од радарот.

Сигналот од радарот се изгубил во 17:35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец према Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top