| четврток, 6 декември 2018 |

Хакирани 800.000 вљубеници во порното- им ги следеле сексуалните фантазии

Околу 800.000 регистрирани корисници на порно-страницата Бразерс јсе жртви на хакери кои им ги откриле корисничките имиња, пасвордите и имеил адресите на вљубениците на квалитетната  порнографија.

Информациите се добиени од хакирање на форум врзан за страницата, на кој корисниците дискутирале за омилените сцени, актери и пози. Форумот всушност немал доволна заштита од хакирање.

Податоците им биле хакирани уште во 2013 година, но за тоа се молчело до сега. Најстрашното за корисниците, смета експертот за безбедност, Трој Хант, не се нивните податоци, туку написите на форумот, каде ги откривале своите сексуални фантазии и желби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top