Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денеска спроведоа детална инспекциска контрола во позната скопска слаткарницата, по вчера поднесената претставка во доцните попладневни часови до Одделението за заштита на потрошувачите при Агенцијата од страна на загрижен родител, кој пријавил гушење кај неговото дете, по консумација на торта купена од слаткарницата.
Според наводите во претставката, информираат од АХВ, до задушувањето на детето дошло поради присуство на парчиња стиропор во тортата.
– Резултатите од направената контрола од страна на инспекторите за храна, по поднесената претставка од потрошувачот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги добие најрано во текот на утрешниот ден, соопшти АХВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.