Пензионерот Б.Ј. (82) од виничкото село Јакимово запалил стрниште во својата нива. Но, огнот се проширил кон нива со лозов насад сопственост соседот. Старецот се обидувал да го изгасне огнот во лозовиот насад, но паднал во претпоследниот ред каде и починал.
Смрт е констатирана од доктор од Виница, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.