| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба тешка 125 килограми пронајдена кај Цементара

Во близина на населбата Припор, кај кружниот тек пред населбата Цементара, при ископ и проширување на локален пат, пронајдена е авионска бомба од голем калибар, според првичните процени со тежина од околу 125 килограми.

Како што соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно стандарните оперативни процедури, ДЗС со свои стручни обучени лица, ги презема сите превентивни и оперативни безбедносни мерки.

– Обележан е и заштитен просторот околу проектилот, известени се сите околни субјекти за да го напуштат теренот, а МВР го обезбедува просторот, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top