Тилен Блондо имаше само 10 години кога се појави во парискиот „Vogue” нашминкана и со високи потпетици. Нејзиното детство беше поинакво од детствата на другите луѓе, таа порасна на страниците на модните магазини со титулата на најубаво девојче на светот.
Тилен денес е тинејџерка, има 15 години и не се откажува од модата.
Тилен, чие вистинско име е Тилен Лена Рос Блондо, е ќерка на фудбалерот Патрик Блондо и Вероника Лубри, француска актерка и телевизиска водителка. Кариерата на манекенка ја започнала кога имала само 4 години кога се појавила на ревијата на Жан Пол Готје.
Brunette for @lorealhair @chapuyc
A photo posted by Thylane Blondeau (@thylaneblondeau) on
Фотографирањето за „Vogue” ја направи планетарно позната, но со себе донесе и многу критики. Многумина им замерија на нејзините родители што дозволиле девојчето да се најде на фотографии кои воопшто не се примерни за нејзината возраст.
Критиките со тек на време се смирија, а Тилен продолжи да работи за модни кампањи. Познавателите на модата велат дека таа е новата Кејт Мос, додека во родната Франција ја нарекуваат наследничката на Бриџит Бардо, бидејќи филмската дива позирала за насловна страна на магазин кога имала само 15 години.
A photo posted by Thylane Blondeau (@thylaneblondeau) on
Тилен е родена за мода, во тоа нема никаков сомнеж. Но, прашањето дали во светот на модата требало да влезе толку рано, и понатаму останува отворено.
И ден денес предизвикува полемики кога во јавноста се појавува во гардероба која, по оцената на многумина, е несоодветна за тинејџерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.