| четврток, 6 декември 2018 |

Над 100.000 посетители на Кале – вака помина „Пиволенд 2016“

Со звуците на „Фолтин“ сионќа заврши деветтото по ред издание на скопскиот фестивал на пиво „Пиволенд“.

Според организаторите, над 100 илјади посетители во изминатите пет дена на Скопското Кале беа сведоци на забава на три сцени, со над 150 видови пиво и многу гурмански мезиња.

Македонските музички ѕвезди докажаа дека можат да соберат многуилјадна публика. Со звуците на Нокаут, Ефто, Фолтин, Тијана, Студени Нозе, Тамара, Дани, Дј Славе, Влатко Илиевски,Рибља Чорба, Министарке, Трибјут ту Колдплеј и многу други, публиката на Кале уживаше во пет фестивалски денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top