| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали камион во движење

Камион со приколка попладнево се запали во движење, на патот меѓу кавадаречките села Раец и Фариш. Информацијата ја потврди Илчо Богевски, командир на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Тој посочи дека камионот бил со косовски регистарски ознаки и пренесувал руда.

– Всушност, се запалиле задните гуми од приколката, најверојатно поради неисправни кочници. Возачот веднаш го прекинал движењето и го отстранил камионот од патот. Од гумите, огнот се проширил на шасијата на приколката, изјави Богевски.

Најбрзо што можеле, двајца пожарникари стигнале на лице место со едно противпожарно возило.

-Успеавме да го изгаснеме пожарот и да не дозволиме да се прошири на главата на камионот, додаде Богевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top