Проектот „Македонија вработува 2“ кој започна да се реализира од јуни оваа година веќе ги дава очекуваните резултати. Мерките што ги нуди проектот се општо прифатливи од страна на поголем број компании кои изразуваат подготвеност да се вклучат во истиот.
Ова денеска го истакна во Виница дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.
– За само два месеци од почетокот на проектот „Македонија вработува 2“ се вработени 911 лица во 740 компании ширум државата. Од нив 500 вработени се млади до 35 години, 180 лица се стари над 58 години додека 175 лица се на возраст од 35 до 55 години и кои повеке од 10 години чекаат вработување, нагласи Спасов по посетата на компанијата за производство на текстил „Мода Стар“ во Виница.
Според него, заштедата на компаниите со новите вработувања е голема и изнесува 1.500 евра за едно лице. Со оваа мерка, подвлече, се намалува невработенсота во државата што е еден од условите за успешна реализација на проектот.
Во општина Виница преку проектот „Македонија вработува 2“ се вработени 11 лица, а се најавуваат нови вработувања во уште неколку компании.
Спасов ги истакна и резултатите штои ги дал проектот „Македонија вработува 1“ во државата.
– Со овој проект се отворени 18.900 нови работни места во државата од кои само 180 се во Виница.
Директорот на компанијата за производство на текстил „Мода Стар“ од Виница, Дејан Петков истакна дека и со првата мерка се реализирани 40 нови вработувања, а наскоро се очекува уште десетина нови вработувања со мерката „Македонија вработува 2“.
– Во компанијата која постои две години се вработени 120 лица, а бенефитот од мерката што го дава државата е повеќе од голем, изјави Петков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Дебарско со„Македонија вработува 2“ – 90 директни вработувања
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов